11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов ракетен напад во Сирија, Пентагон негира вмешаност

Државните медиуми во Сирија известија дека изминатата ноќ системите за противракетна одбрана на сириската војска собориле ракети кои го нарушиле сирискиот воздушен простор.

Сириските противракетни системи одговорија на воздушни напади во подрачјето на Хомс чија цел била воената база Шејрат, а соборени биле десет ракети, пренесе државната сириска агенција Сана.

Пентагон соопшти дека во тоа време немало американска воена активност. „Спутник“ објави дека сириската војска го потврдила нападот, додека агенцијата ДПА пренесува дека сириски воени извори ги демантираат информациите дека е извршен ракетен напад. Изворите за агенцијата рекле дека сириската противракетна одбрана се активирала рано денеска, но се покажало дека тревогата е лажна.

Израел, кој ретко признава дека извршил воздушни напади, одби да ги коментира информациите за наводен напад во Хомс, оценува Би-Би-Си.

Спонзорирано: