14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лидерот на ќелија на Исламската држава се разнесе за да не биде уапсен во Русија

Припадници на службата за федерална безбедност уапсиле припадници на терористичката група Исламска држава, кои планирале терористички напад во ростовската област во Русија.

„ФСБ на Русија открила и пресекла активност на припадници на тајна ќелија на меѓународната терористичка организација ИД. Планирано е изведување големи терористички напади на територијата на ростовската област со примена на огнено оружје и експлозив од домашно производство“, се наведува во соопштението.

Лидерот на терористите за време на апасењето загинал кога се разнел во воздух. Уапсени се тројца членови на групата, јави „Спутник“. За време на операцијата пронајден е автомат „АК-47“, рачна граната и упатство за правење експлозив.

Спонзорирано: