5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бручај: За „Ѓуленистите“ Албанија сама ќе реши што е подобро за народот

Претседателот на Мусилманската заедница во Албанија, Скендер Бручај изјави дека кога е во прашање предавањето на Ѓуленистите на Турција, одлуката ќе биде на Албанија во интерес на народот.

Лидерот на албанските муслимани кој престојува во САД за „Радио гласот на Америка“ програма во врска со депортацијата на шестмината Албанци од Косово на Турција, поради врски со Абдулах Ѓулен и реакцијата на Тирана околу протерувањето на Албанија на оние кои се поврзани со Ѓулен, рече дека „Албанија самата ќе реши што е подобро за самиот народ“.

Бручај додаде дека тоа ќе биде одлука која ќе ја донесе самата држава без влијание на други. Албанскиот печат истакнува дека покрај барањето што Турција го достави до Косово за предавање на „Ѓуленистите“, барање е доставено и до официјална Тирана. Засега нема официјален став на албанското раководство дали ќе ги депортира лицата кои се внесени во листата доставена од Турција до Тирана, а за кои се тврди дека се поврзани со Ѓулен.

Спонзорирано: