11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа ги негира наводите на Макрон: Трамп сака војската на САД во Сирија да се врати дома

Американскиот претседател и натаму сака американските трупи во Сирија да се вратат дома што поскоро, соопшти Белата куќа, пренесе Ројтерс. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека тој го убедил Трамп во Сирија долгорочно да ги задржи американските трупи.

„Мисијата на САД не се променила-претседателот јасно рече дека сака американските трупи да се вратат дома што поскоро“ соопшти портпаролката Сара Сандерс.

Таа навела дека Вашингтон е одлучен во целост да ја уништи Исламска држава и да создаде услови кои ќе го спречат нејзиното враќање.

„Поради тоа, очекуваме од нашите регионални сојузници и партнери да преземат поголема одговорност како воена така и финансиска, за да се осигура безбедност во регионот“ стои во соопштението на Сандерс.

Макрон рече дека го убедил Трамп да ги остави трупите во Сирија. Францускиот претседател во интервју за француската телевизија БФМ, рекол дека пред нападот на коалициските сили во саботата, го убедил Трамп да не ја повлекува војската од Сирија.

Спонзорирано: