9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ако претседателот Доналд Трамп се обиде да го отпушти специјалниот советник Роберт Милер, тоа би значело сериозен напад врз владеењето на правото, предупреди поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, во интервју за Еј-Би-Си њуз. “Се надевам дека ќе предизвика алармни ѕвона дека ова е неговиот најсериозен напад на владеењето на правото. Тоа би било нешто што е повисоко од сите нормални борби за политика” изјави Коми. Инаку, Милер го испитува мешањето на Русија во изборите во 2016 година и сите можни врски меѓу соработниците на кампањата на Трамп и Русија. Трамп во неколку наврати ја нарече истрагата лов на вештерки и негираше каква било поврзаност. Коми нагласи и дека е возможно Русите да имале информација за Трамп, која ја користеле за да го компромитираат. “Мислам дека е можно, не знам. Би сакал да не го кажувам ова, но тоа е вистината. Секогаш ме погодува тоа…“. Според Коми, Трамп е морално неспособен за да биде претседател и тврди дека постојат некои докази за попречување на правдата од страна на Трамп. Ова е прво интервју на Коми откако Трамп го отпушти минатата година. Исто така започнува промотивна турнеја со која поранешниот директор на ФБИ се обидува да ја промовира неговата нова книга “Висока лојалност”.

Царински службеник на граничниот премин Табановце пријавил дека при контрола во вагон од товарен воз кој сообраќал на релација Грција – Унгарија, пронашол четири мигранти од Авганистан и еден од Иран.
Со лицата бил извршен разговор, по што биле пренесени и предадени во транзитен камп Табановце за понатамошна постапка.