23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Се разбудил мамурен со модринка на окото, кога ја видел пораката на сопругата, почнал да плаче

Марко, среќно оженет човек, се пробудил мамурен еден ден. Цела ноќ пиел со пријателите во кафеана. Дури и не се сеќава кој го донел дома.

„По ѓаволите“, помислил тој, прашувајќи се дали направил нешто лошо изминатата ноќ. Едвај ги отворил очите и станал. Прво што видел била чаша вода и таблети за главоболка покрај креветот.

Марко седнал и ги видел работите уредно наредени на столот пред себе. Откако ги испил таблетите, сфатил дека има голема модринка на окото. Секако, бил шокиран!

Набрзо ја видел и пораката во купатило, која му ја остовила неговата жена. На пораката биле нацртани срца:

„Драги, синоќа многу се напи и направи неред. Но, не грижи се! Доручекот е на маса, излегов порано. Те сакам.“

Марко дошол до трпезаријата, каде го чекал доручек, кафе и весници. Нивниот син бил таму и веќе доручкувал. Марко го прашал: „Сине, што се случи синоќа?“

„Стигна дома околу 3 наутро и беше пијан и луд. Падна на маса во дневната соба и направи штета. Тогаш повраќаше низ цел стан и ја удри вратата. Така ја заработи таа модринка на окото“, рекол синот.

Целосно збунет го прашал синот: „Па зошто тогаш твојата мајка е толку добро расположена, па ми направила и доручек?“

Синот одговорил: „А, да! Кога мајка ми синоќа се пресоблекувала во спалната соба, ти постојано си повторувал – Остави ме, јас сум оженет!“

Изгледа дека тоа било доволно да ја надохнади целата штета од пијанството.

Спонзорирано: