3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во Арачиново – има ранет

На 13.04.2018 година во 23,00 часот, Е.Р. од Арачиново пријавил дека истиот ден околу 11,20 часот во с.Арачиново во близина на Општината пред кафе бар го забележал лицето Б.В., заедно со неговиот брат Б.В. и две непознати машки лица дека застанале со патничко возило ,,Голф-4“ со скопски регистарски ознаки по што Б.В. излегол од возилото и се приближил кон Е.Р, а останатите три лица стоеле позади него.

Според пријавителот, во еден момент Б.В. го удрил со тупаница во пределот на лицето, по што избегал и влегол во возилото, а кога Е.Р. се приближил до возилото, почувствувал дека некој од лицата со остар предмет му нанел расекотина на десната рака.

Потоа, Б.В. излегол од возилото и извадил пушка заканувајќи му се на Е.Р., но по кратко време се повлекол во неговото возило и заминал од лице место.

Според пријавеното, причина за настанот е расправија околу вознемирување на братучедка на Е.Р., на социјалните мрежи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: