3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Нова цена на горивата

Во понеделник на 16 април 2018-та година Регулаторната комисија вообичаено секој втор понеделник одлучува за нови цени на горивата.

На минатата седница која се оддржа на 2 април Регулаторна Комисија за енергетика ја определи новата цена на нафтените деривати.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголеми за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,402 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,038 ден/кг.

Спонзорирано: