10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Законот почнува да функционира за сите: Полицаец падна во рацете на полицијата, она што било пронајдено кај него е изненадувачко

Судот му определи 30-дневен притвор на полицаец од Кочани поради продажба и поседување на марихуана.  Според информациите на МВР, О.А. (36) во периодот од февруари до април годинава, во два наврати, на И.Р. од Кочани, за сума од 11.000 денари му продал околу 80 грама марихуана.
„На 11 овој месец, по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип биле преземени мерки и во близина на градскиот плоштад во Кочани, каде пријавениот бил фатен во момент кога вршел продажба на 26,2 грама марихуана. При претрес кај пријавениот била пронајдена поголема сума на пари“, информира МВР.
Од кочанското обвинителство наведуваат дека имајќи ги предвид тежината на кривичното дело и предвидената казна од три до десет години затвор, на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена. Полицаецот е осомничен за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Спонзорирано: