20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ветениот живот никако да стигне

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ и ДУИ не ги интересираат маките на граѓаните и секојдневното осиромашување. Според нив, тие не го слушаат гласот на граѓаните и се ставиле во функција на Заев и, како што велат, неспособната влада овозможувајќи им и натаму коруптивно богатење.
„Економското цунами во Република Македонија продолжува. Република Македонија тоне во долгови, а  СДСМ го крие тоа од граѓаните. Министерството за финансии манипулира со бројките. Кај нив државниот долг сè уште стои на 38.7% наместо реалните 40.7%.  Граѓаните во Република Македонија се позадолжени за 200 милиони евра во 2017 година споредено со 2016 година. Уште еден поразителен факт пристигна од Светската банка. Наместо предвидениот раст на македонската економија за 2018 година од 3,2%, тој сега е намален на 2.3% или 100 милиони евра помалку пари за граѓаните на Република Македонија споредбено со  2017 година. Просечниот очекуван раст во периодот од 2017 до 2020 година е катастрофален и е директна последица на ова економско цунами. Тој ќе изнесува околу 2 %, што е многу далеку од 5% што беа ветувани за  време на кампањата од предвремените парламентарни избори во 2016 година“, пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Според опозициската партија, опстојувањето  на оваа  влада предводена од СДСМ и Зоран Заев не е резултат на реалното расположение на граѓаните туку е резултат на бројка во парламентот и непринципелни коалиции, а, пак, истата имала катастрофална економска политика која мора да престане
„Граѓаните стануваат посиромашни, стандардот станува сè покатастрофален, а ветениот живот никако да стигне. Оваа влада мора да си замине и конечно да дојде нова надеж за Република Македонија“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Спонзорирано: