11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Во силно невреме оштетени два столба на влезот од Таџ Махал

Силно невреме оштети два столба на два различни влеза на Таџ Махал во северна Индија, објавија локалните власти.
https://www.youtube.com/watch?v=BprEmcWK6Ag
Буван Викрама, шеф на регионалната археолошка канцеларија, рече дека штетата не е голема и дека столбовите ќе бидат брзо обновени. Падот на столбовите се случил синоќа, a при инцидентот немало повредени лица.
„Два столба кои имаат само орнаментална функција се урнаа кога ветерот достигна брзина од 130 километри на час“, изјавил Викрама.
Притоа, немало оштетувања на главната мермерна зграда, ниту на четирите големи минариња кои ја опкружуваат. Оштетените столбови биле високи од три до 4,5 метри и биле поставени на различни влезови за посетителите. Инаку, Таџ Махал бил изграден во 17 век од страна на владетелот Џахан-шах како мавзолеј за третата и негова најдрага кралица, Мумтаз Махал. Овој објект се смета за едено од седумте чуда на новиот свет.
Таџ Махал го посетуваат седум до осум милиони посетители годишно.
Спонзорирано: