9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кој планира да оди во Германија, ова ќе го израдува

Германија мора да ангажира повеќе странски работници како би го сочувала економскиот раст и просперитет, покажува истражувањето на економскиот институт IW.

Полетот на германскиот пазар на труд во изминативе години веројатно не би бил можен без доселување, истакнуваат во IW.

Во Германија од 2012 до 2017 година вработени се 1,3 милиони странци, во споредба со вработените 1,6 милиони Германци.

Повеќето доселеници кои работат во Германија се од ЕУ, а само 386.000 се од трети земји, истакнуваат во институтот. Предупредуваат дека наредните години стапката на невработеност меѓу Германците би можела да порасне.

Предвидуваат, исто така, дека Германија во иднина се повеќе ќе зависи од државјани на трети земји, бидејќи доселениците од други земји во ЕУ ќе бидат потребни за работа во матичните земји чии пазари на труд трпат поради стареење на населението.

Спонзорирано: