5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Американците во Сирија ликвидирале повеќе стотини Руси

Неколку стотини Руси се убиени во Сирија, изјавил кандидатот за нов министер за надворешни работи на САД Мајк Помпео. Додал дека американски трупи ги убиле Русите.

Сведочејќи пред Одборот за надворешни работи во Сенатот на САД, тој навел дека до судирот дошло во февруари оваа година.

Во него учествувале специјални единици на американската војска, кои ги нападнале сириските владини сили. Руски и сириски извори веднаш ја донеле таа вест додека претставниците на САД молчеле сè досега, јави репортер на магазинот „Тајм“.

– Во Сирија, пред неколку недели, Русите наишле на рамни на себе. Убиени се неколку стотини, навел Помпео, одговарајќи на едно од прашањата на сенаторите.

Американските медиуми претходно објавиле информација дека САД и Русија комуницирале во врска со овој настан и навеле дека „никој од владините руски сили не загинал“.

Спонзорирано: