10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија тврди дека немало хемиски напад, СЗО извести за 500 пациенти изложени на хемикалии

Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена од извештаите за сомнителна употреба на отровни хемикалии во градот Дума во Сирија.

„Судејќи според извештаите на партнерските здравствени организации, во текот на гранатирањето на Дума во саботата во здравствените објекти биле пренесени околу 500 пациенти кои имале симптоми што се појавуваат при изложеност на отровни хемикалии. Посебно биле изразени знаци на тешка иритација на слузницата, проблеми со дишењето и прекини во работата на централниот нервен систем“, соопшти СЗО.

Повеќе од 70 луѓе што се криеле во подрумите за време на нападот починале, од кои кај 43 смртни случаи биле утврдени симптоми слични на оние при изложеност со отровни хемикалии.

„Сите би требало да бидеме загрижени од овие ужасни извештаи и слики од Дума. СЗО бара итен пристап до тој регион за да им даде медицинска заштита на повредените и да ги процени здравствените последици“, изјавил Петер Салам, заменик-генерален директор на СЗО.

Русија, пак, денеска, повтори дека нејзините војници, кои извршиле инспекција во Дума, предградие во Дамаск, не нашле докази дека имало хемиски напад.

Генералот Виктор Познихир рекол дека примероците од почвата покажале дека нема траги од хемиски агенси. Тој рекол дека лекарите во локалните болници не лекувале жртви на наводниот напад, како и дека локалното население рекло оти не знае за погреби на жртви на хемиски напад.

Спонзорирано: