6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија назадува на економски и политички план

СДСМ ја зароби државата, а земјава назадува и на економски и на политички план, смета опозицијата.

Преку соопштение, ВМРО-ДПМНЕ критикува дека корупцијата цвета, економијата тоне, капиталните проекти се во застој, а правосудните органи работат по диктат на Зоран Заев.

„Катастрофални политики на економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев ја забетонираа македонската економија на дното на Европа со 0% раст. СДСМ за 10 месеци ја задолжи државата за 1,6 милијарди евра, а граѓаните не видоа ниту еден единствен проект. Додека сите економски индикатори бележат пад, расте корупцијата. Според индексот на корупција на „Транспаренси интернешнл“, Република Македонија е последна во регионот и се најде на 107 место во друштво на земји како Танзанија, Замбија и Тимор“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека планот за реформи 3-6-9 не е успешен, a правосудните органи се целосно заробени. Партијата заклучува дека администрацијата е партизирана, а институциите наместо на граѓаните и служат исклучиво на власта.

Спонзорирано: