23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Иванов со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во Истанбул оствари средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I. Претседателот упатувајќи честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, ги поздрави активностите и напорите на Вселенскиот Патријарх за обезбедување поголемо единство во православната екумена и за помирување на христијанството со другите религии.

„Во време кога светот се соочува со тешки предизвици, потребна е заедничка посветеност и заложба во одбраната на христијанските вредности и принципи, кои настојуваме да ги споделуваме во духот на дијалогот и меѓусебната почит“, истакна македонскиот претседател.

На средбата беа разменети мислења за повеќе актуелни теми од заемен интерес‎. Двајцата соговорници разговараа за прашања поврзани со статусот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Претседателот Иванов истакна дека МПЦ-ОА е жива црква, додека Вселенскиот Патријарх изрази надеж дека прашањето ќе се реши. Претседателот Иванов упати покана до Вселенскиот Патријарх да ја посети Република Македонија, по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 1000 години од формирањето на Охридската архиепископија.

Претседателот Иванов престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 21. Евроазиски економски самит.

Спонзорирано: