15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Поради изведување градежни работи (асфалтирање) на регионалниот пат Р – 2336, с.Теово – с. Богомила, од денеска, 10.04.2018, во наредните 30 дена сообраќајот ќе биде во прекин секој ден во период од 10:00 до 14:00 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Поради градежни работи на регионалниот пат Р – 1101 на патен правец
с. Крклино – Битола во наредните 30 дена сообраќајот ке се одвива по една коловозна лента. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Спонзорирано: