13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Итно предупредување: Се затвара воздушниот сообраќај кај Кипар поради можен удар на Сирија во наредните 72 часа

Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај (EASA) издала предупредување за подрачјето на Источнен Медитеран / Никозија поради можни воздушни напади на Сирија во наредните 72 часа.

Според европските медиумски извештаи, првото известување го издал Оперативниот центар за управување со мрежи (NMOC).

Претходно денес портпаролката на американскиот Стејт департмент Хедер Наверт изјавила дека САД бараат координиран одговор заедно со своите сојузници и партнери за наводниот хемиски напад во сирискиот град Дума.

„Бараме координиран одговор, каков и да биде тој одговор, на ситуацијата во Сирија“, рекла Наверт.

Спонзорирано: