11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Гласањето доверба на Владата на дневен ред во Собранието

На денешната седница во Собранието на дневен ред е барањето за гласање доверба на Владата.

Барањето го поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а истото беше потпишано од 41 пратеник. Според опозицијата, Владата предводена од СДСМ и ДУИ нема капацитет за водење на институците.

Во барањето се наведува и дека Владата работи за партиските интереси, а во изминатите десет месеци не е остварен ниту еден од проектите и реформите што ги ветуваа во предизборието.

Претседателот на Владата пред гласањето има право да се обрати пред пратениците во Собранието. За да се изгласа недоверба, потребено е опозицијата да собере 61 глас.

Спонзорирано: