23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Врзуваа кабли како бесилки за да ни испратат порака дека ние сме следни, рече Манчевски во сведочењето

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, на денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април препозна тројца од напаѓачите на Села – Александар Јаневски, Никола Војминоски и Кире Ѓоргиевски.

„На 10 до 15 метри од мене видов на земја како лежи човек и го маваат со клоци и тупаници, а тој се помрднува од ударите. Тие ја прославија наводната смрт на господинот Села“, рече Манчевски.

„Врзуваа кабли како бесилки за да ни испратат порака дека ние сме следни“, рече министерот во сведочењето.

„Ни се закануваа нам и на нашите семејства..Викаа претходно – Убиј го Села, Убиј го Заев, убиј ги предавниците. Сите лично ми се закануваа и ме удираа“, рече Манчевски.

Манчевски рече дека дознал од медиумите дека Села не е мртов, откако биле евакуирани.

Претходно сведочеше и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а следен кој треба да сведочи е генералниот секретар на СДСМ, Aлександар Кирацовски.

Спонзорирано: