12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ловец на НЛО убеден: Кинезите открија вонземјани на Месечината, ова е доказ

Ловец на НЛО убеден: Кинезите открија вонземјани на Месечината, ова е доказ!

Ловците на вонземјани и теоритичарите на заговори одамна тврдат дека не сме сами во вселената, но сега веруваат дека постојат вонземски облици на живот во внатрешноста на Месечината.

Со внимателен преглед на фотографиите кои ги направила кинеската сонда „Чанг 3“ на површината на Месечината, уфологот од Шкотска Џорџ Грејм е убеден дека открил „структура која изгледа како да ја направиле луѓето“, како и „скриен вонземски вселенски брод“.

Меѓу многуте видео-снимки кои Грејм ги поставил на Јутјуб се најдоа и две кои покажуваат „аномалии“ на површината на Месечината.

Една прикажува некој кој личи на човек со шлем, а телото на тоа суштество има пропорции на човечкото.

Друго видео прикажува летечка чинија скриена зад карпа.

Некои уфолози веруваат дека Месечината не е сателит, туку база која ја направиле вонземјаните за да ги набљудуваат човечките активности на Земјата.

Спонзорирано: