13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Адвокатите бараат изземање на судиите во „Тенк“

Адвокатите на обвинетите во предметот „Тенк“ на специјалнотo јавно обвинителство побараа изземање на судискиот совет и на судиите од Апелација поради интервјуто на Катица Јанева дадено на 26 март, во кое таа тврди дека меѓу прислушуваните телефонски разговори има разговори и меѓу судии кои постапуваат по предмети на СЈО.

Ова е трет случај во кој се бара изземање на судиите по „Топлик“ и ТНТ.

Во случајот „Тенк“ за злоупотреба на службената должност обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра. Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Јанкулоска за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Возилото од Министерството требало да се даде на користење и на Груевски, кој сакал да користи такво ново блиндирано патничко моторно возило, но за тоа не сакал во јавноста да се дознае.

Спонзорирано: