12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ужас во Јапонија: Уапсен маж кој 20 години го држел синот во дрвен кафез

Јапонската полиција уапсила 73-годишен маж осомничен дека подолго од две децении го држел синот затворен во дрвен кафез.

Како што јавија новинските агенции, Јошитане Јамасаки рекол дека го затворил синот, кој сега има 42 години, бидејќи имал ментални проблеми и понекогаш бил насилен.

Кафезот висок метар и широк помалку од два метра се наоѓал во помошен објект до куќата на Јамасаки во градот Санда.

За состојбата на 42-годишниот маж, надлежните органи ги известил медицински работник кој се грижел за сопругата на Јамасаки пред нејзината смрт.

Покрената е истрага, а надлежните веруваат дека Јамасаки го држел синот затворен од неговата 16 година.

Уапсениот Јамасаки рекол дека синот го хранел секој ден и му дозволувал капење секој втор ден.

Утврдено е дека 42-годишниот маж нема никакви здравствени потешкотии, а грижата за него ја продолжува социјалната служба.

Спонзорирано: