18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведувања за Велигден во Македонија

Полицијата вчера во патничко возило „Форд Транзит“ на магистралниот пат Гостивар – Маврово пронашла и одзела 80 килограми тутун и го привела возачот и шесте патници поради непоседување на документација на тутунот.

Како што соопшти МВР, вчера утрото во 8:00 часот на магистралниот пат Гостивар-Маврово од страна на полициски службеници од мобилната единица од Секторот за гранични работи и миграција при Министерството за внатрешни работи било сопрено возилото со тетовски регистерски таблици, управувано од З.С. (68) од Гостивар.

– Од извршениот преглед над лицето и возилото биле откриени повеќе картонски кутии наполнети со помали пакувања на фино сецкан тутун (околу 80 килограми). Бил одземен со потврда за привремено одземени предмети за понатамошна постапка. Поради непоседување на документација за тутунот, во Полициската станица Гостивар биле приведени возачот З.С., како и лицата Н.М. (66), З.Р. (66), А.М. (57), Н.У. (64), С.С. (52) и М.И. (56), сите од село Врапчиште-Гостиварско, наведуваат од МВР.

За случајот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.

Спонзорирано: