4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нормализирана состојбата пред Бакингемската палата

Состојбата пред Бакингемската палата е нормализирана откако претходно беше извршен претрес на сомнително возило, паркирано пред палатата. Се работи за бело комбе, кое, според информациите од британските медиуми, го управувал 30-годишен маж, кој беше уапсен.

Како што претходно пренесоа медиумите, мажот бил уапсен бидејќи, наводно го нарушувал јавниот ред и мир.

По увидот на полицијата, било утврдено дека не постои опасност и сообраќајот може да се нормализира околу палатата.