4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Прилепчанец брутално претепан поради статус на Фејсбук – му го земале пасошот и се од џебовите

Прилепчанец пријавил во полиција дека две лица го пресретнале со автомобил и го нападнале поради статус на Фејсбук, кој што го напишал за еден од напаѓачите. Тој успеал да побегне и да се сокрие во некоја соседна куќа, но напаѓачите по него влегле внатре и продолжиле да го тепаат, при што му го одзеле пасошот и му рекле да ги испразни џебовите.

Сопственичката на куќата им се закнила дека ќе повика полиција, по што напаѓачите си заминале. Од полицијата преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.