5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бомбардиран воен аеродром во Сирија, има и жртви

Сирискиот воен аеродром Тајас, кој се наоѓа во близина на градот Хомс, утрово е бомбардиран, објавија државните медиуми, пренесе Би-Би-Си. Ракетирањето се случува по наводниот хемиски напад, во кој загинаа стотици луѓе, меѓу кои и деца и жени. Според информациите, во нападот има и загинати и повредени.

Официјален Дамаск, за денешниот напад, веднаш ги обвини САД, кои заедно со Франција се заканија дека ќе возвратат на хемискиот напад. Американскиот претседател, Доналд Трамп им се закани на Русија и Сирија дека ќе платат висока цена за хемискиот напад во Дума, во регионот на источна Гута. Тој го нарече животно, сирискиот претседател, Башар ал Асад.

Во меѓувреме, бунтовниците во Дума се предадоа и беа извлечени од енклавата откако постигнаа договор со сириската влада. Претседателите на САД и Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон, вчера во заедничка изјава, се заканија со заеднички и координиран одговор по наводниот хемиски напад. Сепак, американските власти ги отфрлија обвинувањата за вмешаност во денешното ракетирање во Сирија.

„Во овој момент, Министерството за одбрана не изврши напад во Сирија. Ние и натаму ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и ќе продолжиме со дипломатските напори во спречување на оние кои користат хемиско оружје во Сирија и на други места“ соопшти Пентагон.

И Франција ги негира обвинувањата за вмешаност во денешниот напад.

Спонзорирано: