14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бил Козби повторно пред судот во Пенсилванија

Повторното судење на американскиот актер и комичар, Бил Козби, би требало да почне денеска во Пенсилванија, објави Би-Би-Си. Козби (80) негира дека ја дрогирал и сексуално ја нападнал Андреа Констанд пред 14 години. Првото судско рочиште, во јуни минатата година, заврши кога судот неуспеа да донесе пресуда.

Актерот, кој почна со кариерата во 80-те во тв серијата „Шоуто на Козби“, се соочи со обвиненија од десетици други жени, кои тој ги отфрли. Козби уживаше углед во семејството со години, пред да се појават бројните тужби за сексуални напади во 2015-та година.

Повторното судење се случува во светло на движењето „И јас“, кое ја поддигна свеста за сексуалните напади од страна на моќни медиумски фигури.

Од страна на обвинителот во Пенсилванија, Козби е обвинет за тежок непристоен напад, кривично дело од втор степен. Обвинението би можело да донесе казна затвор до 10 години.

Неговите адвокати рекле дека Козби и Констанд имале романтична врска.

Околу 60 жени во текот на пет децении, јавно го обвиниле актерот дека е сексуален предатор. Но статутот на лимитирање на законите значи дека може само едно обвинение да биде доведено на суд.

Повторното судење ќе биде пред истиот судија и окружен правобранител како и на првото судење. Судијата овојпат ќе им дозволи и на другите обвинители да презентираат докази, дополни Би-Би-Си.

Спонзорирано: