6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тројца застрелани во автобус во Илиноис

Три лица се убиени во приватен автобус изнајмен за забава во Рокфорд, во американската сојузна држава Илиноис. Како што соопшти тамошната полиција, напаѓачот сè уште не е уапсен. Станува збор за 27-годишниот Рахим Кинг од Рокфорд, по кој трага полицијата. Според полицијата, станува збор за вооружено и опасно лице.

Осомничениот жртвите ги застрелал со автоматска пушка. За сега не е јасно колку луѓе имало во автобусот, но познато е дека преживеаните истрчале надвор во обид да се спасат. Возачот на автобусот повикал полиција. Жртвите сè уште не се идентификувани.

Спонзорирано: