13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешниот претседател на Бразил и се предаде на полицијата

Поранешниот претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва и се предаде на полицијата за да го почне отслужењето 12-годишна затворска казна на која беше осуден поради корупција. Тој е пренесен во затворот во Куритиби. Иконата на бразилската левица и фаворит за претседателските избори во октомври, синоќа со хеликоптер беше донесен во затворот, откако претходно и се предаде на полицијата во Сао Паоло.

Пред затворот се наоѓаа повеќе стотици негови противници кои славеа. Во затворот тој ќе биде сместен во посебна ќелија и ќе биде одделен од другите затвореници.

Спонзорирано: