13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Десетици семејства пронајдени задушени во своите домови во Источна Гута

Во напад во Источна Гута загинаа најмалку 40 лица, соопштија сириските опозициски активисти. Нападот во градот Дума се случил синоќа, како дел од офанзивата на сириската војска по прекинот на примирјето.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека вчета во Дума погинале најмалку 80 луѓе, меѓу кои 40-тина починале до задушување. Опозициските активисти познати како „Бели шлемови“ исто така известија за нападот и наведоа дека цели семејства се пронајдени задушени во своите домови и засолништа. Хуманитарната организација Сиријско – американско медициско друштво соопшти дека погинало 41 лице, а дека стотина се повредени.

Спонзорирано: