5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Хигиената е важна: Овие пет работи треба да ги чистите секој ден, еве и зошто

Сите сакаат чист и уреден дом, но некогаш едноставно немаме време детално да чистиме.

И покрај тоа, некои работи никогаш не треба да ги прескокнувате, а Bright Side направи кратка листа. Одвојте само 10 минути и одржувајте ја хигиената.

Кујнски крпи: Неодамнешните студии покажаа дека кујнските крпи се најголемите пренесувачи на зарази во кујната. Брзо се валкаат, а поради тоа треба да ги менувате барем еднаш на неколку дена.

Клучеви: На држачите за клучеви има многу бактерии. Никогаш не ги чистиме, а секогаш ги земаме во раце. Ги ставаме во валкани џебови, а често ни паѓаат и на под. Така внесуваме неверојатен број бактерии во нашиот дом. Исчистете ги со антисептички марамчиња како би спречиле зарази.

Мијалник: Можеби мислите дека после миење раце или садови, измиен е и мијалникот, но не е така. На рабовите се задржуваат бројни бактерии.

Даска за сечкање: Ако користите дрвени даски, потопете ги во мешавина од оцет и вода (1:1) неколку минути, после секое подготвување храна. Овој трик ќе ви помоигне да се решите од бактериите насобрани на површината.

Четки за шминкање: Ако долго време користите ист прибор за шминкање, после секое користење исчистете го во топла, сапунеста вода, со цел да не пренесете микроби и бактерии на лицето.

Спонзорирано: