6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Газа: Убиени двајца Палестинци, 250 ранети

Двајца Палестинци се убиени денеска, а околу 250 се ранети при пукање на границата меѓу појасот Газа и Израел, соопшти палестинското Министерство за здравство. Едниот бил застрелан во глава источно од градот Кан Јунис на југот на појасот Газа, а другиот бил убиен во пограничното подрачје крај градот Газа, додека илјадници палестински демонстранти учествуваа во новиот бран протести долж границата.

Со тоа бројот на загинати се зголеми на 24 лица од почетокот на демонстрациите на 30 март, кои се најавени дека ќе траат шест недели. Палестинците демонстрираат против израелската блокада која трае од 2007 година, како и за правото за враќање на палестинските бегалци кои заминале од територијата на денешен Израел во војната во 1948 година.

Портпаролот на израелската војска соопшти дека денеска протестирале околу 10.000 Палестинци, што е многу помалку од очекуваното и дека некои се обиделе да поминат низ граничната ограда во Израел. Демонстрантите запалиле стотина автомобилски гуми на неколку локации со цел да ги оневозможат израелските сили да ги видат нивните лица и да ги идентификуваат.

Спонзорирано: