13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата на Зоран Заев со супер вест за граѓаните: Гратис летен одмор за илјадници семејства

Работниците со ниски примања веќе можат да аплицираат за мерката за користење на годишен одмор, во рамки на Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во Република Македонија 2018 година, на Министерството за економија.

Јавниот повик беше распишан на 2 април, а пријавувањето за оваа мерка заедно со комплетната потребна документација е до 31 мај 2018 година, иако принципот на користење на средствата е „прв дојден прв услужен“, до искористување на вкупниот буџет од 30 милиони денари, со кои ќе бидат субвенционирани 2000 семејства.

Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои се вработени, а нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 22.000 денари.

На работниците со ниски приходи-баратели кои навремено доставиле уредна и комплетна документација Министерството за економија ќе издава Потврда во вкупна вредност од 15.000 денари за да ја искористат во категоризираните угостителските објекти за сместување во Република Македонија кои се претходно пријавени во Министерството за економија.
Целта на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.

За учество по Јавниот повик, работниците со ниски приходи – баратели, до Министерството за економија треба да достават:

• Пополнет образец за барање (готов формулар кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk);

• Потврда од работодавецот за висината на исплатена плата и извод од банка за последните три (3) месеци за подносителот и на членовите на потесното семејство (доколку се вработени) кои заедно со него ќе го користат одморот;

• Потврда од Агенцијата за вработување на Република Македонија со која се докажува дека членовите на потесното семејство не се вработени (доколку истите не се вработени)

• Фотокопија од лична карта или патна исправа за него и членовите на потесното семејство кои заедно со него ќе го користат одморот;

• Изјава дека барателот лично или со членовите на потесното семејство, кои се наведени во барањето, ќе го користат одморот (готов формулар);

• Изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци (личните податоци и финансиските средства), потпишана од подносителот на барањетo (заверена на нотар).

Притоа, едно лице може да поднесе само едно барање за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор, а потврдата ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2018 година во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страната на Министерство за економија.

Барањето треба да се достави до архивата на Министерството за економија лично или преку пошта на адреса „Јуриј Гагарин“ бр. 15 Скопје, а Листата на баратели кои доставиле уредна и комплетна документација се објавува на веб страната на Министерството за економија најдоцна седум дена од денот на утврдувањето на листата.

Спонзорирано: