9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата во Драчево на нозе: Зела и шише со запалива течност и пробала да се самозапали – причината изненадувачка

На 04.04.2018 година во 22.50 часот во Полициска станица Драчево дошла 40-годишна жена од Скопје и рекла дека е во депресија и сака да си го одземе животот.

Во станица бил повикан и нејзиниот син, а жената додека разговарала со сменоводителот, во присуство на нејзиниот син, извадила пластично шише со течност, се полила и со запалка се обидела да се самозапали, но била спречена во намерата.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во душевната болница Бардовци.