20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Еден на Еден со Солза и смеа: Јадевме кенгур и крокодил, ќе ги пробавме и нашинците ама многу се тврдокорни

Ни кажуваат вицови дури и на гробишта, признаа Саше Димитровски и Никола Кумба во неделната епизода на „Еден на Еден“. Екипата од „Солза и смеа“ ја насмеа публиката на најгледаното ток-шоу со сите анегдоти од нивните патувања и претстави.

– Во Австралија гледавме да пробаме сѐ, јадевме кенгур, крокодил…Ќе пробавме и од нашинците, но тешко се лупат, многу се тврдокорни – се пошегуваа тие.

Нивниот сограѓанин, Пепи Мирчевски, пак, раскажуваше за дружбите во Битолскиот театар, долгата кариера, како и многуте македонски и интернационални филмови во кои настапувал.

– Кога го снимавме „Млечниот пат“ му реков на Кустурица дека и Моника Белучи не е тоа што беше. Кога ме праша зошто, реков дека очигледно ги изгубила сите критериуми за мажи, бидејќи постојано гледа во мене – се смее познатиот Пепи Пивцето.

За оние што не успаја да ја гледаат, емисијата е веќе објавена на „Јутјуб“. Во недела, пак, на Велигден, Жаре и екипата на Еден на Еден подготвија уште еден специјал, овојпат со Жан Митрев. Гледајте Еден на Еден во недела од 18:50 на Канал 5.

Спонзорирано: