20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

14-годишник се обидел да се самоубие поради лоши оценки

За малку трагедија: Момче се обидело да се обеси поради лоши оцени

Момче (14) од село во близина на Врање, Србија, се обидело да се обеси во петокот вечерта, но, за среќа, во последен миг наишол неговиот татко и му го спасил животот.

Едно дете да дигне рака на себе си, доволно е страшна помислата сама по себе, а камоли кога детето како причина за таквиот чин ќе ги наведе – лошите оценки.

Сите во селото кај Врање се во шок што не му пришле на детето навреме, туку оставиле да дојде до последниот чин.

14-годишникот, како што пишуваат српските медиуми, потекнува од добро, работничко семејство, има брат и сестра.

Според неофицијални информации, момчето од бесилка го спасил таткото, а потоа, наводно без свест, го однел во болница во Врање, од каде итно бил пренесен во нишкиот Клинички центар.

Детето има лонгета на вратот, но е добро и не е во животна опасност, објави Блиц.

Спонзорирано: