12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија на удар е секој што си ја сака државата

Република Македонија стана земја каде власта не ги почитува ниту институциите, ниту Уставот и законите, рагираат денеска со соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека правната држава е заробена од страна на СДСМ, а судството се користи единствено како алатка за политички прогон на неистомислениците.
„Судството и државните институции се под страшен притисок и под контрола на човек обвинет за поткуп за што се увери и јавноста. Во Македонија веќе не се почитуваат конечни и извршни одлуки на Врховниот суд кој е највисока судска установа. Власта со повторното апсење на веќе ослободените од притвор влева страв кај граѓаните со цел да ги онеспособи сите оние кои не се согласуваат со нивните антидржавни и катастрофални политики“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Република Македонија е заробена држава и на удар е секој кој си ја сака државата и не се согласува со власта.
„Неосновано се монтираат обвиненија само да се прикријат скандалите и криминалот на власта. Сето ова се прави со цел да се дефокусира јавноста од погубните и катастрофални политики на владата. Македонската економија предводена од СДСМ има 0% и раст и е убедливо на последна на дното во Европа. Планот за реформи 3-6-9 стана план за антиреформи и доживеа тотално фијаско. Наместо реформи во правосудството добивме заробено судство. Наместо борба против корупција добивме борба за корупција. Наместо професионална администрација добивме партизирана администрација. Наместо слобода добивме монтирани случаи и погазена демократија“, стои во соопштението.
Од опозициската партија велат дека СДСМ преку штетните политики целосно ги уништила македонските институции и државата, а сметката за тоа со генерации ќе ја плаќаат граѓаните на Република Македонија. Оттаму додаваат дека колку побрзо падне оваа власт толку побрзо Република Македонија ќе тргне на вистинскиот пат.
Спонзорирано: