4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ОЈО ќе го истражува ревизорскиот извештај на МЕПСО за 2016 година

Ревизорскиот извештај на МЕПСО за 2016-та година, ќе биде испратен до Основното јавно обвинителство, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Одлуката за извештајот била донесена на вчерашната владина седница, со цел да се направи дополнителна проверка на два индикативни наоди и започнување евентуални постапки. Тој образложи дека првата се однесува за купување на имот.
 
„Во 2011-та година, МЕПСО добила понуда да откупи имот од 2.178 квадратни метри, по цена од 3,7 милиони евра, што ја одбива. Две години подоцна, друго правно лице, му го продава на МЕПСО истиот имот, по цена од 4,8 милиони евра“, изјави Бошњаковски.
 
Говорејќи за втората информација, Бошњаковски посочи дека таа се однесува на времето на двоење на Електростопанството на Македонија, кога дел од мрежата во сопственост на МЕПСО, не бил впишан во катастар како дел од имотот на компанијата. Портаролот образложи дека ЕВН ги имало издадено овие објекти под закуп и зело хипотекарен кредит. Во ревизорскиот извештај, рече тој, наведено е дека оваа ситуација мора да се расчисти, односно дека имотот е во државна сопственост.