20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски ја укина евтината тарифа на струјата

Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДППМНЕ да зборува за енергетика кога токму нивниот претседател, Христијан Мицкоски, како прв советник на Никола Груевски ја укина евтината тарифа на струјата, велат од СДСМ, по реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ што се однесуваше на Законот за енергетиката.

„Законот е поддржан од Европската енергетска заедница и во него се применуваат директивите што ВМРО-ДПМНЕ не ги примени поради неспособност и тесно партиски интереси. Поради таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и нивното штитење на одредени бизнис-интереси и неспроведувањето на енергетските реформи, Република Македонија доби две тужби. Владата предводена од СДСМ ги санира штетите во енергетиката предизвикани од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а со Законот за енергетика ќе се заштитат интересите на граѓаните и ќе се обезбеди стабилна енергетска иднина на државата“, велат од СДСМ.

Додаваат дека со повторното воведување на евтината тарифа на струјата од страна на Владата предводена од СДСМ, трошоците на граѓаните се намалиле, а заштедата годишно изнесува околу осум милиони евра.

„Наместо празно да обвинува, ВМРО-ДПМНЕ треба да каже во чиј џеб завршија околу 40 милиони евра колку што ги чинеше граѓаните укинувањето на евтината струја во последните пет години. Владата предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и државата. Времето на несовесно работење, времето кога ЕЛЕМ и МЕПСО парите ги трошеа за рајски градини заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“, се вели во соопштението испратено од СДСМ.

Спонзорирано: