9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ќе се носи стратегија за мали и средни претпријатија

Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со донесување Национална стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023, со предлог-стратегија и акциски план.
Од владината прес-служба соопштија дека Стратегијата за МСП дефинира рамка за соработка меѓу чинителите од јавниот и приватниот сектор и граѓанското општество со цел поддршка на развојот на МСП и иновативноста во насока на зголемување на нивната конкурентност.
„Целите на стратегијата се да се создаде поволно деловно окружување во коешто се поттикнуваат претприемништвото и инвестициите, да им се помогне на МСП да станат високо продуктивни и конкурентни учесници на европскиот и другите меѓународни пазари, и да се поттикне економската конкурентност на Македонија преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП“, соопшти Владата.
Стратегијата за МСП е изготвена во согласност и со Актот за мали претпријатија (АМП) на Европската Унија.