11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Грција најголем инвеститор во Албанија

Грција е на првото место според висината на инвестициите во Албанија.
Според Националната банка на Албанија, најмногу инвестици има Грција, и тоа во сферата на телекомуникациите и банкaрскиот сектор. Согласно со податоците, висината на грчките инвестиции во декември 2о17 година изнесуваше 1,27 милијарди евра или околу 2о насто од вкупните странски инвестиции во Албанија, кои изнесуваат 6,54 милијарди евра.
На второ место за првпат во 2о127 година според висината на странски инвестиции е Швајцарија со износ од 888 милиони евра, додека на трето место е Канада, која повеќе години беше на второ место. Канада во Албанија има инвестирано 883 милиони евра.
Италија и покрај тоа што е прв трговски партнер на Албанија е на четврто место според инвестициите, кои изнесуваат вкупно 652 милиони евра.
К.М.
Спонзорирано: