13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Кинеската вселенска станица се урна на Земјата

Кинеската вселенска станица Tiangong-1 утрово влезе во атмосферата на Земјата во област над Пацификот.

Вселенската станица се врати во атмосферата на Земјата, над Јужниот Пацифик, денеска меѓу 08.11 и 09.33 часот по локално време.

Поголемиот дел од станицата се запалил поради атмосферско триење во текот на падот. На земјата паднале многу мали парчиња и делови.

Првата кинеска вселенска станица беше лансирана во септември 2011 година. Нејзиното име Tiangong-1 значи „Небесна палата“. Истата е долга 10,4 и широка 3,3 метри. Се состои од една експериментална лабораторија, сервисен модул и два соларни панела со димензии 3×7 метри. Станицата е дел од амбициозниот проект на Кина која има за цел да постави постојана постојка во орбиртата до 2023 година. Првично беше планирано станицата со својата работа да прекине во 2013 година, но нејзината мисија неколку пати беше продолжувана.

Идејата беше таа на контролиран начин да се врати во атмосферата на Земјата, но во март 2016 престана да работи, предизвикувајќи загриженост за нејзиниот пад.

Спонзорирано: