11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Смени во ВМРО ДПМНЕ – ова се деталите

Лука Кржалоски, Владимир Нелоски и Иванка Василевска се нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа со едногласна поддршка го изгласа Лука Кржалоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на местото на Владимир Нелоски.

Кржалоски беше в.д. директор на јавното претпријатие „Службен весник“, како и член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Лука Кржалоски, Владимир Нелоски и Иванка Василевска се нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Ова одлука била изгласана на вчерашната седница на Централниот комитет на партијата.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со едногласна поддршка го изгласа Лука Кржалоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Наредниот период Кржалоски ќе ја предводи младината на ВМРО-ДПМНЕ.

Досегашниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски останува во највисокото партиско тело на партијата. Нелоски беше претседател на УМС цели четири години.

За нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше изгласана и професорката на правниот факултет Иванка Василевска.

Спонзорирано: