3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Откриено огромно нафтено поле – оваа земја уште повеќе ќе се збогати

Бахреинските власти објавија дека во земјата е откриено најголемото нафтено поле во историјата на тоа кралство, соопшти новинската агенција БНА.

Нафтениот извор е откриен на западниот брег на земјата.

Тоа е најголемо нафтено поле откриено на Бахреин од 1932 година, кога започнала експлоатацијата на нафта во Бахреин.

– Можеме да ве известиме дека првичните анализи покажуваат дека станува збор за голема количина нафта, која ќе овозможи долгорочно црпење, стои во соопштението.

Министерот за нафта шеикот Мухамед Бин Калифа ал Калифа изјавил дека започнати се детални анализи за содржината на новото нафтено поле, неговата големина и исплатливост.