20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ вечерва со неочекуван потег – еве што најавија за од утре

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ вечерва одлучи пратениците да се вратат во Собранието, информираше партискиот лидер Христијан Мицковски.

ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за работата на Владата, веднаш по враќањето.

-Оваа влада е најнеспособна од независноста на Македонија.

Криминалот и корупцијата станаа заштитен белег на оваа Влада и мора да си одат.

На надворешен план водат штетна политика без резултати, а на внатрешен план политика без концепт и сериозна идеја, рече Мицкоски.

Партискиот лидер рече дека биле прифатени нивните забелешки и потврди дека при крај се преговорите со СДСМ за реформските закони.

Мицкоски потенцира дека ВМРО ДПМНЕ ќе бара писмена гаранција и ќе ја следи имплементацијата на овие закони со активно учество во Собранието.

Спонзорирано: