3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од утре драстична промена на времето

Времето до крајот на денот ќе биде умерено облачно, во западните и североисточните делови со локален дожд.

Ќе дува умерен, а ноќеска слаб до умерен ветер од западен правец, информира УХРМ.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 4 до 18 степени.

До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во значителен пораст. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува кон крајот на работната седмица.

Спонзорирано: