9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Судството е политизирано и под целосна контрола на Заев

Македонија е земја во која што специјално јавно обвинителство конструира предмети, повикува сведоци кои потоа укажуваат колку не држат случаите, а судот по политичка наредба им ја исполнува секоја желба не водејќи сметка за еднаквите права и на втората страна во постапките, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваква е состојбата со македонското судство денес. Политизирано, понижено, без доверба и под целосна контрола на СДСМ и Зоран Заев. Во ваква ситуација политички се гонат патриоти за измислено обвинение за тероризам. Еден ден највисокиот Врховен суд одлучува дека доволна мерка за нивно обезбедување е куќниот притвор, а веќе следниот ден Основниот суд по нечија наредба сака да покаже дека мора да се знае „кој е кој“ и мора да се следат наредбите, па дава насока да се трауматизираат семејствата и луѓето одново да се апсат само за да се задоволи нечиј каприц“, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ бара Судот час поскоро треба да го сопре, како што велат, овој прогон и да се ослободи од стегите и влијанијата на Зоран Заев и СДСМ.

„Политичкиот прогон мора да запре. Обвинителството мора да престане да креира монтирани обвиненија и да работи на сузбивање на реалниот криминал кој ја влоши безбедносната ситуација во државата. Мора веднаш да бидат отфрлени неоснованите обвиненија и да бидат ослободени од притвор овие невини луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: