4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

УХМР со вонредна временска прогноза – подгответе се за невреме

Во Скопје во текот на денот сончево и топло со засилен до силен југоисточен ветер.

Во вечерните, а особено во ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд со грмежи.

Утринската температура до четири, а дневната температура до 23 степени.

Утре особено во утринските часови ќе има поинтензивни врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи (локално околу 30л/м2).

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува засилен ветер претежно од западен правец (над 70 км/час), а дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени.

Во почетокот на наредната работна недела ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.