20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва средба меѓу Заев и Ахмети – еве за што разговарале

Денеска во просториите на Собранието на Република Македонија се сретнаа владините коалициони партнери, Зоран Заев и Али Ахмети, објави Алсат М.

Неофицијално, разговарале за евентуално проширување на владејачкото мнозинство.

Телевизијата дознава дека за време на средбата Заев го запознал неговиот коалиционен партнер со сите досегашни реализирани средби со политичките партии на Албанците, кои сакаат да бидат дел од Владата.

Од ДУИ, не сакајќи да откриат детали истакнуваат дека станува збор за редовна средба каде е разговарано за актуелностите во земјата, работата на владата, јавува Алсат М.

Спонзорирано: